Химфарм
водечки локален фармацевтски производител во Казахстан

Полфарма има подружници во Литванија, Украина, Белорусија, Азербејџан и Узбекистан. Таа, исто така одржува стратешко партнерство во областа на лиценцирање за надворешна трговија (out-licensing) со шпанската компанија Фармапроџектс (Farmaprojects) Стратегическим партнером в Турции является фирма «Cenovapharma».
.Полфарма (Polpharma) производите се нудат на повеќе од 50 пазари.
Полфарма Груп има околу 600 производи, а околу 400 сеуште во продукција.
Компанијата произведува широк спектар на лекови на рецепт и лекови кои се користат за грижа на пациентот во болница. Полфарма се специјализира за препарати кои се користат во кардиологијата, гастроентерологијата и неврологијата. „Преку шалтер” лековите претставуваат значаен дел од нејзиното портфолио. Полфарма моментално стратешки влегува во областа на биофармацевтски препарати, како преку партнерство така и преку поставување сопствен систем за истражување и развој на производствени капацитети за сопствени биолошки лекови.
Производството се одвива во согласност со најновата технологија која ги исполнува меѓународните барања на Добрата Производна Пракса (Good Manufacturing Practice - GMP). Компанијата користи современа технологија која гарантира безбедност на производите, вработените и на природната околина. Полфарма (Polpharma) постојано се залага за имплементација на нови решенија кои ќе одговорат на потребите на пациентите на безбеден и ефикасен начин. Тоа вклучува иновативни идеи во секоја област на нејзините активности. Во 2011 година го освои првото место на ранг-листата на 500 најиновативни претпријатија во Полска.
Мотото на Полфарма е Луѓето им помагаат на луѓето. Чувството за општествена одговорност е составен дел на стратегијата на компанијата. Компанијата спроведува бројни социјални и образовни програми и промовира здрав начин на живот. Во 2001 година, основана е Полфарма Научна Фондација (Polpharma Scientific Foundation) за поддршка на најинтересните истражувачки проекти во областа на фармацијата и медицината.